Луѓе, бурката ни е најмал пpoблем, знаете ли што нè чека?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марина Хајдари ја стигнуваат спомените од детството. Едно ја води во 1997 година кога Талибанците првпат владееја со Авганистан.

Во тоа време, застрашувачки песни трештеле од звучниците поставени на камионите со кои талибанците кружеле по улиците. Штом ќе ги чуеле, луѓето се повлекувале во своите домови.

Кога еднаш одела кон чаршијата, од никаде се појавил талибански борец и ја удрил со камшик по лицето бидејќи не носела бурка. Имала само 12 години.

Денес има 37 години и одмавнува со главата гледајќи како нејзините помлади братучетки се обидуваат да облечат бурка за првпат во животот.

Талибанците се вратија пред помалку од една недела, а девојките веќе се мачат да го покријат телото со сината покривка изработена од материјал сличен на пластика. Нивните очи за првпат го гледаат светот од зад превезот.

Снаата на Марина купила бурка пред три недели, претпоставувајќи дека милитантите наскоро ќе пристигнат во градот.

Ова е веројатно највидливиот знак дека тие се повторно на власт, ​​раскажува телефонски Марина за ДПА.

Германските новинари не откриваат од кој град зборува.

Во реалноста, бурката е најмалиот од нашите проблеми, вели авганистанската активистка.

Однос како кон животни
Марина е сигурна дека Авганистанките наскоро ќе мора да се справуваат со многу полоши работи.

По американската инвазија на Авганистан, Западот се обиде да ги зајакне правата на жените во земјата со воспоставување бројни програми во градовите и во селата.

Тоа имаше големо влијание врз многу жени.

За првпат сфатив дека цел живот ме третираа како животно, вели жена од провинцијата Бадахстан.

Охрабрени од ова, жените почнаа да бараат повеќе права во семејството, барајќи да бидат сослушани, образовани, вработени и да имаат право да учествуваат во политиката.

Но, буквално немаше никакви програми за мажите да учат за важноста на правата на жените. Мажите често знаат само еден одговор на некое ново барање – насилство.

Жените кои го пријавиле семејното насилство во полиција само се нашле соочени со повеќе мажи со ист став и ново насилство.

Правата што авганистанските жени ги уживаа до неодамна, од учество во спорт до избор на студии, беа остварени со големи жртви и со помош на храбри активисти кои ги ризикуваа своите животи за поголема слобода.

Авганистанките го знаат тоа. И знаат што ќе изгубат сега.

Судниот ден
Преземањето на Кабул од страна на талибанците и враќањето на контролата врз земјата е катастрофален удар за правата на жените.

Ние жените загубивме сè. Се соочуваме со ситуација која изгледа малку помалку страшна од Судниот ден, вели активистката Рајахана Асад.

Таа не верува во талибанските ветувања за почитување на правата на жените „во рамките на шеријатскиот закон“.

На некои телевизиски новинарки веќе им беше кажано да не доаѓаат на работа, а на студентките во Херат им рекоа да заминат дома и да не се враќаат на веќе на факултетот.

Асад стравува дека е само прашање на време кога на девојчињата ќе им биде забрането да одат на училиште.

Чекаат само да ја зацврстат власта, вели таа.

Слушнала дека талибанските борци ги бараат женските активисти, вклучувајќи ја и неа, но убедена е дека нема јавно да ја каменуваат или камшикуваат.

Тие веќе нема јавно да погубуваат активисти или жени како мене. Едноставно, ќе нè проголта мракот, рече таа.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This