April 28, 2024, 12:02 pm

(Видео)Ckaндaлoзно пpи3нaниe на Каракачанов – постои Анекс на договорот, во кој се бара менување на историја и образование и oтkaжyвaњe од Македонското мaлцинcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изјава за бугарската „Нова Њуз“, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красмир Каракачанов, потврди дека бугарската власт веќе е понуден Анекс на Договорот за добрососедство со Македонија во 12 точки, договор кој во Македонија се чува во тајност, а за кој зборуваше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според Каракачанов, во овој анекс договор стојат барања како откажување на историските претензии на Македонија кон Бугарија, откажување од Македонското малцинство во Бугарија и промена на образовниот систем. Сите чекори кои веќе се превземаат во Македонија, иако официјално овој анекс договор не е прифатен.

„Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?“ – напиша Мицкоски на ФБ.

Пред три месеци, во "Само интервју" на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини. Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?#сеближикрајот#одговорностморадаима

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, January 9, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This