(Видеo+фото)20 ГОДИНИ ВЛАСТ: Галерија од најмоќниот човек на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјални архивски материјали, посветени на одбележувањето на 20-годишнината од владеењето на Владимир Путин се објавени на официјалната интернет страница на Кремљ.

„Прес-службата подготви албум со архивски снимки и фотографии кои беа направени во изминатите 20 години“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков и додаде дека во колекцијата има дури 600 фотографии и 100 снимки.

„Тоа не е хроника, тоа не е целата историја. Тоа се највпечатливите фотографии и видео снимки. Нешто од тоа е објавувано, но веројатно веќе е заборавено, а нешто ќе биде објавено по прв пат“, изјави Песков.

Тој наведе дека меѓу другото ќе биде објавено и првото новогодишно обраќање на Путин, а потребни се околу 2,5 часа да се прегледа цел материјал.

Засега се достапни материјалите направени до 2004-та година, а во следните денови ќе бидат објавени и преостанатите фотографии и видео снимки. Во колекцијата има фотографии кои го одбележаа почетокот на владеењето на Путин, од заеднички фотографии со Елцин, па се до моментите кои оставија црна трaга во историјата на Русија, како тepopистичките нaпaди и потопувањето на подморницата Курск.

Целата колекција на фотографии и снимки можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This