ТРИФУНОВСКИ: Огромна чест и одговорност е да се служи на народот, особено на земјоделците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпрвин сакам да се заблагодарам на довербата на претседателот Христијан Мицкоски за предлогот за заменски технички министер за земјоделие во владата за спроведување на предвремените парламентарни избори во април 2020 година. Огромна чест и одговорност е да се служи на народот, особено на земјоделците, напиша на својот фејсбук профил Цветан Трипуновски.

Во периодот пред нас до 12 април нема да ветувам чуда. Но ќе ветам посветеност и работа за секој земјоделец во Македонија, пишува тој.

Штeтите кои Љупчо Николовски и Трајан Димковски ги направија во земјоделието се огромни.

Се повеќе обработливи површини остануваат необранотени;

Младите наместо да се занимаваат со земјоделство тука, заминуваат истото да го работат во странство;

Ветува сигурен откуп и високи откупни цени. Ништо од тоа не е случај. Родот завршува на буниште.

Имаме неисплатени субвенции од 2017 година;

Зелена нафта нема. Има само ваучер од 500 денари, со кој земјоделецот не може да стави нафта да отиде до бензинска, а не пак да направи нешто друго. Трошоците за производство се поголеми од кога било;

Проектот млад земјоделец е целосно закочен.

И можам да редам до 1000. Проблемите се безброј. Земјоделецот, напатениот народ на Македонија знае со што се соочува секој ден.

Тука сме за тоа да го смениме. Обновата доаѓа. Од 3 јануари почнуваме со демонтирање на СДСМ. Од 12 април почнуваме со обнова на Македонија.

Уште од 3 јануари. Земјоделците ќе имаат заштитник во мене. Сојузник и човек кој е подготвен да им служи. Да направиме се за силно земјоделство. Се за луѓето кои не хранат! Тие тоа го заслужуваат!

Најпрвин сакам да се заблагодарам на довербата на претседателот Hristijan Mickoski за предлогот за заменски технички…

Posted by Цветан Трипуновски on Tuesday, December 31, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This