(Видeo+Фото) „Cyлтанот го спакyва како ајвар “: Сe aпcи мpeжата на Ceдат Пекep во Иcтaмбул кому MBP му издаде пасош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипите на истанбулската управа на полицијата за борба против организиран криминал започнаа акција за приведување на осомничени лица за кои утврдиле дека биле активни на територијата на градот во кривични дела како „злосторничко здружување“, „киднапирање“, „тешка кражба“, „изнуда“, „мито“, „закана“ и „нанесување телесни повредди“, „закана“ и „лишување од слобода“, пренесува „Си-Ен-Ен Турк“.

Во рамките на предметната истрага се спроведува истовремена операција за фаќање на 63 лица, предводени од Седат Пекер, на 121 адреса, во пет окрузи, чиј центар е Истанбул.

Меѓу нив е и Седат Пекер!

Операција во пет окрузи, чиј центар е Истанбул

Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, започна операција против 63 лица „здружени во група на организиран криминал“, меѓу кои е и Седат Пекер. Соопштено е дека Седат Пекер е надвор од земјата. Два дена преттходно во Македонија 9 полицајци се приведени под обвинение дека издавале лажни документи за државјанствол. Помеѓу лицата со лажно државјанство се наведува и Седат Пекер..

Како што се наведува, во акцијата се користени беспилотни летала за надгледување, со поддршка од тимови за специјални операции, при што се приведени многумина од осомничените, а потрагата продолжува на предвидените адреси.

Исто така, се наведува дека Седат Пекер е надвор од земјата. Полицијата врши претрес во вилата на Седат Пекер во истанбулската населба Бејкоз. Се претбарува и неговиот луксузен џип во вилата.

Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, се спроведува операција чија цел се Седат Пекер и негови луѓе. Полицијата утрово во раните часови влезе во вилата на Пекер во Бејкоз. По влегувањето екипите почнаа пребарување во вилата. Полицијата врши претрес и во возилата што се затекнати во вилата, при што до детали се прегледува луксузниот џип затекнат во вилата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This