Викендов лични карти можат да се подигнат само во општините во кои има втор круг од локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните кои имаат истечени лични карти, можат да се обратат во надлежните служби и да извадат нови.

Од МВР информираат дека управните служби ќе работат и викендов, односно 30-ти и 31-ви во општините каде ќе има гласање, со цел да се задоволат потребите на граѓаните и да можат да подигнат лична карта.

„Одделот за управни работи при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на 30.10.2021 ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот. Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе“, велат од МВР.

Утре, пак, сите наведени надлежни единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во Скопје – Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.

Во текот на утрешниот ден ќе има дежурства и во Јавното обвинителство, а отворени ќе бидат и канцелариите на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This