Википедија слави јубилеј – 20 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од најпосетуваните страници во светот, Википедија содржи повеќе од 55 милиони статии на 309 јазици. Содржината на секоја страница е независна, нема преводи, туку само оригинални текстови.

Википедија е сè уште најголемото дигитално јавно добро што ни го овозможи Интернетот.

Основана е на 15 јануари 2001 година од Американецот Џими Велс за чисто некомерцијални цели, со идеја да се собере целото знаење на планетата на една ‘онлајн’ платформа со помош на милиони волонтери низ целиот свет кои сакаат да го споделат своето знаење.

Успехот беше моментален. Првата страница беше на англиски јазик, потоа во март 2001 година се појавија германскaта и шведската Википедија, а наскоро после уште десет, вклучително и француската, италијанската, кинеската, руската и каталонската.

Меѓи првите 10 најпосетувани страници во светот, Википедија содржи повеќе од 55 милиони статии на 309 јазици.

Содржината на секоја страница е независна, нема преводи, туку само оригинални текстови.

Наспроти традиционалните енциклопедии напишани од реномирани експерти, ова тело на знаење, составено од аматери, често анонимни, наиде на големи критики и непријателски тон од некои академски кругови.

Џими Велс истакнува дека тие не отстапуваат од својата мисија и нивната цел не е да ги зголемат приходите.Википедија продолжува да се финансира од донации, а не од реклами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This