ВИЛМА ВЧЕРА ЛАЖЕШЕ: Го штити Заев за изборен поткуп исто како што крие докази за Рекет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствениот човек во Македонија кој што има внук кој што не и роднина вчера ја излажа целата македонска јавност. Обвинителката Вилма Рускоска коментирајќи ги пишуваањата на весникот „Ла Верита“ за поткуп на гласачи во кои учествувале поранешниот премиер Заев и неговиот брат Вице вчера изјави дека одлучила да не ги процесуира до судот бидејќи не видела докази за изборни нерегуларности.


-Кога немате докази нема што да процесуирате до судот, изјави таа.

Но реалноста е многу поинаква, Вилма лажеше вчера, а тоа го потврдува денешната бомба на „Ла Верита“. Според Гејсер, обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови.
Социјалистите посебно ги таргетирале Ромите, а кој ги следел наредбите, добивал за возврат пари или градежен материјал.

Од Ла Верита потенцираат дека постоечката документација во обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека екс-премиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите коишто живеат во Струмица.

Анализираните документи опишуваат сценарио во кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега.

Во материјалите што ги објавува Ла Верита може да се види и како братот на лидерот на СДСМ Вице Заев се вмешува во семејна интима правејќи притисок газда на приватна фирма да убедува членови на неговото семејство да бидат активисти и да гласаат за СДСМ.

Во друг случај на притисок Вице бара од работа да се избркаат шура и шуренајка на газда на фирма затоа што се појавиле на митинг на друга партија. Од низата фрапантни човечки судбини најинтересно е барањето на луѓето на Заев да се избрка девојката која ги чувала децата на бизнисмен член на фамилијата Заеви затоа што наводно гласала за ВМРО-ДПМНЕ.

Цела Македонија и цела Европа ги виде доказите, само Вилма не…Се прашуваме зошто?!

(Видео)НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ ФАТЕНИ НА ОРОТО: Нови „бомба“ од „Ла Верита“ – Вице му ја пуштил струјата на Ѓунер Исмаил, плаќал новинари, бејбиситери, уценувал фирми!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This