ВИНОЖИТО ГО МИНА ФИЛТЕРОТ: Македонската партија ќе учествува на европските избори во Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партија која ги претставува Македонците во Грција, Виножито (Уранио оксо) ќе учествува на изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат на 26 мај.


Европските избори во земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, изборите ќе ги спроведат меѓу 23 и 26 мај.

Партијата на Македонците во Грција, која е дел од групата АЛДЕ (Слободна алијанса) го помина филтерот на Вpxовниот cyд и таа ќе биде една од 40. партии кои во ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот.

Партискиот спектар е многу различен, – од традиционалните десничари Нова демократија, левичарите како СИРИЗА, но и фашистичката Златна зора, марксисти-ленинисти, Бела христијанска Европа…се партиите кои го поминаа филтерот.

Виножито и претходно учествувала на европски избори, но секогаш имала опстpyкции во кампањата.

Десет партии не го поминаа филтерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This