Витанов до Заев: „За даноко се избрyка, за пописо се избрyка, за Уставо се избрyка, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен, ој си, оти зијано стоо“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Витанов, поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен на скојот фејсбук профил го критикуваше премиерот Заев, посочувајќи му дека со неговите политики, за кои Витанов го предупредил уште пред три години дека се штетни, прави повеќе штета отколку корист, апелирајќи до премиерот или да слуша што му се зборува, или да си оди.

„Ах бре Зоче, оште пред три гудини ти кажах, ного зијан прааш, а там си курдисан даа упрааш. За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен… Или слуши шо ти гуворам, или ој си, оти зијано стоо! И кај тебе е зијан, нем да мисл’ш оти има аир ут такви пари! Треба се да е “по попис и пропис”, а не попис па пропис! Не оде таа т’ка. Стига те трпееме. Не га бива работта, или Македонија или ти! Ој си другарче, оти укулу тебе само вир’нлци устанаа, сите саалам чувеци бегат ут тебе“, пишува Витанов, додавајќи го во продолжение и постот од пред три години.

„Зоче, ако министеро воведе прогресивно оданочување, единствен ефект е шо ќе си ојдат и последните успешни луѓе од државата!
Ако само 2% се опфатени како шо вика Тевдо, а имаме вкупно 697.000 вработени, мерката се однесува на 13940 луѓе и е казна за тва шо се успешни!
Од них, 90% земаат плата под 1400 евра, шо значи вкупните приходи од мерката ќе бидат (400х8/100)х(13940х90/100)= 401472 Евра месечно!!!
Останатите 10% кои земаат над 1400 ќе фатат џенем! Зашо ли? Саа ќе ти кажам:
Ако му го зголемиш трошоко од над 1000 евра месечно, ќе си изнајме (или купе куќа на кредит) вонка од државата на некоо поарно место, оти му е по паметно да си плајќе ќирија/рата, отколко да ги плајќе мрзљаците на Ахмети шо седат дома и му ги јадат точно неговите пари! Прај после ти држава со мрзљаци, шо ќе ти се тии шу имат ак’л! Јок нека станат! Тии и т’ка и т’ка не гласат за никој, туку си га глеет работичката!
Башка, за пресметување на прогресивно оданочување треба нов софтвер у УЈП и треба повеќе бумбаре у администрацијата, па паарте ќе одат за них, а не за народо!
Ќе се чудаме сите после ДЕК СЕ ПААРТЕ!
Е ДЕК СЕ ДЕ!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This