„Ви благодарам што ги спасивте Албанците“: Косово му се заблагодари на НАТО за бомбapдиpaњето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичките лидери во Приштина ја искористија 22-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО за да покренат обвинувања кон Белград, но и да и се заблагодарат на Алијансата за, како што велат, спасување на Албанците

Претседателот на Собранието во Приштина, Гjауф Коњуфча, рекоа дека интервенцијата на НАТО „ги спаси Албанците од истребување и геноциден режим на Србија“.

Тој го изјави тоа за време на состанокот со командантот на КФОР, Франк Федерици, и додаде дека Косово се препороди благодарение на придонесот на НАТО.

Поранешниот претседател на Собранието, Вјоса Османи, рече дека 24 март 1999 година претставува голема пресвртница во судбината на Албанците на Косово и дека тој ден „ја врати надежта на слободата“.

Таа на Фејсбук тврди дека српската влада има за цел „истребување на Албанците на Косово“, и дека тоа го спречиле САД, Велика Британија, земјите членки на ЕУ и сојузот на НАТО.
Лидерот на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, рече дека во 1999 година, НАТО „го заштити постоењето и правото на слобода на граѓаните на Косово“.

Тој рече дека интервенцијата на НАТО е насочена против „српската воена машинерија“, која, според неговото тврдење, извршила „геноцид врз косовските Албанци“.

Хоџај на Фејсбук напиша и дека бомбардирањето довело до „капитулација на српскиот окупаторски режим“ на Косово, тврдејќи дека „таму каде што започнал криминалот на режимот, бил зададен последниот удар на сојузот на ОВК и НАТО“, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This