Месец и половина е најмалото бебе позитивно на Ковид, на Детската клиника хоспитализирани вкупно 21 дете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова, вели дека од пред два дена Клиниката функционира како ковид центар за деца, бидејќи е утврдено дека новиов сој ги и напаѓа децата, па затоа вниманието мора да е свртено сега повеќе кон нив.

-Направивме цела реорганизација, целиот трет кат, па и четвртиот кат е Ковид центар. Бројот на дечиња позитивни на Ковид кај нас е 21 дете, со родител, сите се во посебни соби. Месец и половина е најмалото бебе позитивно на Ковид. Мајката е позитивна, па откривме дека и тоа е позитивно. ТБЦ вакцината го качува имунитетот кај децата, изјави Софијанова за Студио 10 на ТВ24.

Како што изјави Софијанова, само ноќеска се регистрирани 12 случаи на инфицирани дечиња, од кои четири се хоспитализирани.

-Ноќеска прегледавме 12 деца сите позитивни, примени се четири. Одлучуваме кое дете го примаме, а кое има полесна слика и може да се лекува во домашни услови. Ова најверојатно е британскиот сој, такво брзо ширење не даваше Сарс Ков 2. Асимптоматскиот дел сега има и симптоматски манифестации, алармира Софијанова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This