- Advertisement -
Во Обединетото Кралство, во последните 24 часа се потврдени 27.052 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна над два милиони.
Од последниот пресек, 534 лица починаа како резултат на инфекцијата, пренесува Би-Би-Си.
Вкупно 2.004.219 случаи се потврдени во Велика Британија од почетокот на епидемијата, а 67.075 луѓе починале.