Грција co мacoвнo тecтиpaњe нa гpaѓaнитe ќe гo cпpeчyвa мoжниoт тpeт бpaн нa кopoнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствените власти на Грција подготвуваат план за заштита на населението од можниот трет бран на корона.

За да се спречи можниот трет бран на пандемијата, грчките здравствени власти следниот понеделник ќе започнат со масовно тестирање на гражаните на ковид-19,по случаен примерок низ целата земја.

Епидемиологот Гикас Магиоркинис, член на владиниот кризен штаб на експерти, ја претстави платформата преку која граѓаните ќе можат да аплицираат за брз тест од понеделник навечер, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Заинтересираните граѓани мора да ги пополнат своите податоци, и тие ќе бидат регистрирани на апликацијата со код за верификација што ќе им биде испратен на нивниот мобилен телефон.

Магиоркинис рече дека ќе има 386 места за тестирање низ целата земја, кои ќе можат да вршат 12.000 тестови на ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This