Владата ги дeмaнтира медиумите, Заев Владата: Прекрасен беше гласот на полициската службеничка на која и се јавив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас лично ѝ се јавив на полициската службеничка Виолета со прекрасен глас, не ја познавам, откако после полноќ ми се јави наш државјанин од турска националност, бидејќи таква е одлуката на Владата, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тој се јавил на Граничниот премин Деве Баир да бидат пропуштени пет возила во 1 часот по полноќ, за време на полициски час.

Заев објасни дека возилата веќе биле влезени на територијата на земјава и не можеле да мрднат, биле со деца, па преку граѓанинот кој му се јавил се слушнал со полициската службеничка да им биде одобрено да бидат пропуштени откако се исконсултирал за одлуката на Владата дали овие возила треба да се пропуштаат за време на полициски час.

Тој објаснува дека според одлуката на Владата за ограничување на движењето, сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

Откако вчера беше обелоденето дека Премиерот лично се јавувал да ургира да бидат пупштени автомобили, за што постои и службена белешака на која првично стоеше името на премиерот, а подоцна беше избришано, Владата преку соопштение испрати демант во медиумите во кој најостро ги отфрли обвинувањата дека премиерот лично се јавил да ургира.

„Владата најостро ги отфрла грубите манипулации изнесени во написите на одредени портали и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за наводен “скандал” дека додека граѓаните се казнувале, премиерот Заев се јавувал да се пропуштаат автомобили, при што наводно законите не важеле еднакво за сите“, се вели во владиниот демант.

Од Влада појаснија дека на својата 51 седница, кога беше донесена актуелната одлука за ограничување на движењето, Владата со посебен заклучок определи дека ќе се пропуштаат сите патници со возила кои ја напуштиле територијата на земјата пред воведувањето на забраната. Hа седницатa на Главниот кризен штаб донесен бил заклучок дека сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

„Правата важат за сите. Секој граѓанин затекнат на граница после 22:00 часот има право да стигне до својот дом и никој не смее да не го обезбеди или да го попречува тоа право. Оттаму нашите гранични служби мора да ги пропуштат сите патници, државјани на Македонија, кои ќе се затекнат на некој од копнените гранични премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања“, се вели во демантот на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This