ВЛАДАТА ДА ГИ ДЕМАНТИРА ИНФОРМАЦИИТЕ ВО ГРЦИЈА: Во спротивно ќе се потврди дека Заев веќе се договорил на штета на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската Влада да се замисли за деталите од преговарачката маса кои ги соопштуваат нивните грчки колеги или да демантираат, во спротивно само ќе се продлабочи незадоволството во јавноста и ќе се потврди информацијата на Коѕијас дека Заев договорил се зад грбот на Македонците, вели поранешниот амбасадор Јован Донев, коментирајќи ги написите во грчка „То Вима“ за содржината на новиот сет на идеи на Нимиц за надминување на спорот, но и повикот на Коѕијас Македонија да излезе со конкретни информации во јавноста.

Понудената рамка од Нимиц може да се прифати или одбие, вели Донев, но загрижува молчењето на Македонската влада што ја доведува во прашање и изјавата на министерот Димитров дека нема да преговараат за идентитетот – дали тој навистина не знае што договорил Заев во Давос или дава изјави за да се дезинформира јавноста, прашува поранешниот амбасадор.

Пакетот на идеи на Медијаторот Нимиц кои вчера ги објави грчка „То Вима“ се веќе познати како понудена рамка за компромисно решение, коментираат познавачите на меѓународните случувања.

Според пишувањата на „То Вима“, Нимиц предлага двете земји одново да потврдат дека не негуваат територијални претензии или барања, како и за взаемно почитување на културното наследство. Усвојувањето на новото и конечно име што ќе биде ерга омнес, е поврзано директно и само со интеграцијата во Европската унија. Што значи дека уставно име ќе продолжи да биде во сила до влезот во Унијата. Во текстот стои и дека Нимиц го споменал и делот со неексклузивност на термините„македонски“ и „Македонија“.

Весникот ги потврди петте претходно објавени предлози доставени до преговарачите: „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Нова Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“, но тврди дека Нимиц е отворен и за други предлози.

Извор: ТВ Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This