ВЛАДАТА Е „КАША-ПОПАРА“: Директори со средно, историчари се занимаваат со спорт, министри за инвестиции кои не знаат англиски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директори со средно образование, историчари кои се занимаваат со спорт, министри кои треба да носат инвестиции, а не знаат англиски е билансот на кадровската политика на СДСМ и Зоран Заев откако дојдoa на власт.

Маестро Зоран Џорлев, меѓународно познат виолинист и музичар со високо реноме, по доаѓањето на СДСМ на власт беше заменет со Стојанче Павловски кој нема ниту високо образование.

Павловски на функцијата директор на ансамблот „Танец“ доаѓа со средно градежно образование.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека неговиот единствен квалитет и заслуга според која ја доби функцијата е што е партиски поттрчко на СДСМ.

-Варваринот Алаѓозовски го разреши Маестро Зоран Џорлев, од директорското место во „Танец“. Го разреши познатиот македонски виолинист, изведувач и професор, за на негово место да го постави Стојанче Павловски, градежен среднист, чиј единствен квалитет и заслуга е тоа што е партиски потрчко на СДС. Три дена откако некомпетентниот Стојанче Павловски е поставен за директор на „Танец“, не стивнуваат реакциите. Граѓаните се револтирани од односот на СДС и Алаѓозовски кон „Танец“, установа која повеќе од 6 децении ја промовира македонската култура, традиција и фолклор секаде низ светот. СДС нанесе голем удар врз Националниот Ансамбл „Танец“ од несогледливи последици по репутацијата на истиот во земјата и странство. СДС си поигра со повеќе од 6 децениското творештво на „Танец“ и во еден миг го изедначи најголемиот македонски културен промотор со столарска работилница, изјави Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ на една од прес-конференциите посветени на Министерството за култура и првиот човек на институцијата, Роберт Алаѓозовски.


Можеби еден од најпознатите македонски спортисти во историјата на Македонија, Дејан Јовановски, беше заменет со Владимир Лазаревски, професор по историја од Спортската академија.

Владата на СДСМ го разреши Дејан Јовановски само неколку дена откако тој беше именуван за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, наместо докажан спортист, академијата ќе ја води професор по историја.

Поставувањето на Лазаревски за директор на Спортската академија го оспори и ВМРО-ДПМНЕ.

– Само неколку дена откако Дејан Јовановски беше именуван за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДС го разреши од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место назначи професор по историја. Па така спортската академија наместо докажан спортист ќе ја води Владимир Лазаревски професор по историја. Замислете, професор по историја, ќе ја води Спортската академија. Го прашуваме Зоран Заев какво спортско достигнување има Владимир Лазаревски или дали бил дел од некој спортски клуб? Со какви искуство во спортот ќе придонесе за развој на оваа академија?, праша Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција веднаш по разрешувањето на Јовановски.

Тој додаде дека Дејан Јовановски крајно професионално ја вршел работата како директор на академијата, а позицијата ја добил поради неговото искуство во областа на спортот, односно како поранешен кошаркарски интернационалец, поранешен секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“.

Дејан Јовановски е дипломиран правник на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. На македонската јавност и е познат како еден од најпознатите спортисти, поранешен член на македонската кошаркарска репрезентација, а покрај годините минати во КК Работнички, има повеќегодишно меѓународно искуство во европски клубови во Франција, Турција, Грција и Швајцарија. По завршувањето на професионалната кошаркарска кариера ја вршеше функцијата директор на КК Работнички, по што и се приклучи на Агенцијата за млади и спорт, како Советник за евроинтеграции и меѓународна соработка во спортот.

Поранешниот пратеник и министер во владата на СДСМ во 2005 година, Зоран Шапуриќ иако не знае англиски јазик, доби министерска фотелја и тоа за привлекување странски инвестиции.


Зоран Шапуриќ порано бил пратеник, министер во Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од Советот на Град Скопје. Во 2005 година додека тој беше министер во владата на СДСМ, неговата сестра, Зорица Шапуриќ Хорват, стана судијка во Апелациониот суд во Скопје.

Тој доаѓа на местото на Џери Наумоф кој беше дел уште еден дел од успешниот тим за привлекување странски инвестиции. Тој дипломирал маркетинг и и бизнис администрација, а по 3 децении искуство во секторот човечки ресурси, бенефиции и менаџирање ризик, во 1993 година ја основал својата консултантска компанија за менаџирање ризик „Наумоф груп доо“. Еден од неговите успеси е привлекувањето на канадската компанија „Космик Девелопмент“ во Битола.

Самка Ибраимоски е уште еден министер за привлекување странски инвестиции кој нема познавања од англискиот јазик. Тој е политичар без никакви успеси во својата политичка кариера. Позади него има еден голем скандал, во 2011 година тој за да купи гласови за СДСМ од Ромите, им даваше расипано месо. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која е сместен изборен штаб на СДСМ. Тој негов потег тогаш предизвика гнев кај граѓаните Роми, кои тогаш својот гнев го изразија пред штабот на СДСМ.


Самка Ибраимоски доаѓа на местото на Бил Павлевски кој е човекот кој во Прилеп ја денесе компанијата од автомобилската индустрија, „Акомпласт“. Средно образование завршил во САД, дипломирал Електро факултет на State University New York-Binghamton и добил две посебни Магистратури со високи почести. Тој е Магистер за Компјутерски науки на Northeastern University-Boston, и исто така Магистер за Бизнис Менаџмент на Harvard University-Boston.

Дополнително на некадарните кадри на СДСМ доаѓа и тоа што ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријави против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Од партијата велат дека тој ќе одговара за своите незаконски дејствија и за штетата што ја нанесува на Република Македонија.


Според ВМРО-ДПМНЕ, Рашковски ја злоупотребил службената положба и овластување, при што сторил кривично дело според членот 353 од Кривичниот Законик.

– Драги Рашковски и треба да биде исплашен бидејќи хаосот што тој и СДС го креираат еден ден ќе заврши. Кога оваа неспособна гарнитура ќе си замине од власт, демократијата и правната држава ќе се вратат и секој ќе одговара за незаконските дејствија што ги сторил. Ниту Рашковски, ниту било кој друг прекршител на законите охрабрен или поттикнат од врхушката на СДС нема да биде исклучен од одговорноста. Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои ќе се соочи на суд. Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд, а доказите се несоборливи, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделата, откако партијата објави дека е поднесена кривична пријава против генералниот секретар.

Тој појасни дека Рашковски во периодот од неговото назначување на функција, па се до денот на распишување на изборите во неколку наврати организирал именување на ВД директори, на лица кои, како што рече, не ги исполнуваат законските основи да бидат именувани, и не поседуваат соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа било потребно. Според Костовски, Рашковски до седница на влада доставувал некомплетна документација за предложените кандидати, а истата ги именувала без да бидат исполнети со закон предвидените критериуми.

-Именуваните ВД директори кои немале соодветна писмена препорака истата ја добивале денот по назначувањето и таа била заверена од страна на архива на владата post festum. Со што исто така се вршело кривично дело. Лицата именувани на ваков начин законски се нелегитимни, а лицата кои го дозволиле сето ова мора да сносат кривична одговорност, за свесно креираниот правен хаос. Со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови во опасност се става нормалното функционирање на институциите, загрозени се граѓаните и е ставен во опасност буџетот на државата, рече Костовски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This