April 30, 2024, 11:41 am

Владата купи нова зграда, еден цел спрат ќе добие Артан Груби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата купи нова зграда за свои потреби, наводно за да не се плаќала кирија за изнајмување од приватни фирми. Како што дознаваме во новата зграда прв, или меѓу првите, ќе се всели потпретседателот на владата Артан Груби за кого е предвиден најмлаку еден кат од севкупниот простор, пишува порталот Вечер.мк.

Продавач на зградата е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, државна компанија која работи во бараки на улица Орце Николов, блиску до Министерството за одбрана. Плацот на кој сега се наоѓаат е продаден на приватен инвеститор. По продажбата на нивната нова зграда тие не можат да се отселат од бараките, а купецот не може да располага со плацот кој го купил за градба.

Проценетатата вредност на зградата на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели е 13.937.448 евра.

Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари, а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.

„Обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од акционерското друштво за стопанисување со станбен простор-ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи“, гласи одговорот од Министерството за финансии.

Зградата која треба да ја купи Службата за општи и заеднички работи на Владата е во вкупна површина од 6.770 метри квадратни.

Зградата која се наоѓа на улица „Филип Втори Македонски“, кај Филхармонија, изградена е од сопствени средства на претпријатието. Изградбата започна во 2015 а беше предвидено 180 вработени во акционерското друштво да добијат нови простории за работа, наместо постоечките бараки на улицата „Орце Николов“.

Она што е инетересно, треба да се обрне внимание – што ќе се случи со скулптурите на зградата?!

Извор: Вечер.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This