Владата лaжe – Виcoк бугapcки функционep откpивa: Пocтои тaeн проект со македoнcкaтa Влaда, cкpиен од јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија, во утринското гостување на бугарската национална телевизија рече дека најверојатно постои изработен проект за надминување на несогласувањата со Македонија на 17 ноември.

На овој клучен датум министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе треба да одлучат со консензус дали ќе биде прифатена преговарачката рамка со која Македонија ќе треба да ги започне преговорите за прием.

Јотова, која инаку е од редовите на бугарската опозиција заедно со претседателот Румен радев, тврди дека спротивно од тврдењата на бугарските власти, Софија е под постојан притисок од Брисел да не става вето на одобрувањето на преговарачката рамка со што ќе се овозможи до крајот на годината Скопје да започне со првата меѓувладина конференција.

„Мислам дека бугарската влада не ја зборува целата вистина последните денови. Веројатно постои проект што ќе биде предложен на состанокот на министрите за надворешни работи на 17 ноември “, истакна таа во врска со одбивањето Скопје да преговара за пристапување кон унијата без расчистување на билатералните прашања.

Според потпретседателката, Бугарија е под притисок за „компромис“, иако таа смета дека Софија не треба да се повлече од своите позиции.

„Едно е да имаме венци, прегратки пред спомениците, друго е цврста позиција на Бугарија “, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This