ВЛАДАТА НА ЗАЕВ НЕ СКАРА СО СРБИЈА:Белград предупреди- ако не се постигне согласност ќе воведе контрамерки на штета на сопствениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одложена е средбата Николовски- Љајиќ. Македонскиот и српскиот министер сѐ уште не постигнале согласност за надминување на проблемот околу увозот на брашно од северниот сосед. Белград се заканува со контрамерки ако не се дојде до договор.

Српскиот министер за трговија не дојде во Скопје. Со став дека нема заедничка спогодба, од Белград предупреди- ако не се постигне согласност ќе воведе контрамерки на штета на сопствениците. Сега, решението ќе го чека викендот.

Сѐ уште се кршат копја околу правилникот за одбележување на брашното по поплаките од српските мелничари дека со новите правила им е отежнат извозот на српското брашно. Министерството за земјоделство со став- се менува само распоредот на процедурата околу контолните маркички, нема дополнителни финансиски трошоци за увозниците. И двете страни потврдија дека усогласувањата продолжуваат, но Љајиќ во изјави за сопските медиуму се закани.

„Ако во текот на викендот, не се постигне заедничко прифатливо решение, ќе се воведат контрамерки од кои штета ќе имаат стопанствениците од двете страни, а ќе бидат загрозени и севкупните билатерални односи мегу двете земји. Целта е во иднина да се избегнат ситуации во кои секоја година имаме вонцарински барири на извзот на српско брашно во Македонија“, изјави министерот Љајиќ.

По ставот на српскиот министер дека со различни модалитети се отежнува извозот на брашно на македонскиот пазар, реагираа македонските мелничари.

Северниот сосед не е правилно информиран, Македонија со ништо нема ставено бариера. Правилникот не е нов, измени има во дефинираните процедури и редоследот на пуштање во промет на брашното по завршување на анализите- за МТВ вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко- пекарската индустрија.

И од македонското министерство потврдуваат- усогласувањата се извршени за да се гарантира безбедвност и квалитет на узвозното брашно што се пушта во малопродажба.

„Новина е што контролните маркици ќе се издаваат откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно, и истите ќе се лепат во Македонија, пред увозното брашно да се пушти во промет. Потенцираме, дека овие правила важат и за македонските производители на брашно“- велат од Министерството за земјоделство.

За српските производители, Македонија е трет извозен пазар на кој пласираат и до 40 тони брашно.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This