Владата на Северна капитулираше пред короната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес имаме 196 новозaразени и 8 починaти. Тоа е тaжната рeалност за граѓаните и Р. Македонија. За владата на Северна е “нова нормалност” и “ништо страшно”, пишува на фејсбук Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Најнапред го прифатија рестриктивниот систем за “одбрана” од вирусот. На 42 инфицирани се затворија сите училишта, градинки и бизниси. Ја клекнавме економијата, генериравме (како што ни соопшти Заев) 2.3 милијарди евра долгови кои ќе се враќаат со децении. Но, целта беше да се спасат што е можно повеќе човечки животи и да имаме што е можно помалку инфицирани сограѓани од “ковид 19”.

После речиси 3 месеци вонредна состојба, полициски часови и карантини, владата на Северна капитулираше пред короната. Поразот ни го претставија нам, граѓаните, како победа над короната и почнавме да живееме во “новата реалност”.

Сега сме практично во состојба во која беа Шведска или Велика Британија на почетокот на март.

Денес, бизнисите сеуште трпат огромни штети, државата не го собира данокот, граѓаните се инфицираат како никогаш до сега а целокупната македонска јавност сè уште не видела некој да понесе одговорност. Сите “тие” се супер, ама народот “нит се терал, нит се водел”. Тешко им било со нашиот народ ама ќе го издржеле, бидејќи, како што велат “цврсти се како куче”.

Господа властодржци, истиот тој народ на избориве, кога и да се одржат ќе ве “истера” од власт. Тој знае дека единствени поопасни од “короната” и немаштијата сте токму вие.

А потоа? Е, потоа следи и одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This