ВЛАДАТА СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА КОН РУСИЈА: За порпаролчето Хоџа, Путин е „различни личности“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Мухамед Хоџа, се дрзна да ја коментира изјавата на еден од намоќните лидери во Светот, претседателот на Русија, Владимир Путин, притоа наведувајќи дека не сакал да коментира интервјуа на различни личности.

„Позициите на Владата на Република Македонија во однос на нашето зачленување во НАТО и ЕУ се познати. Не сакаме да коментираме интервјуа на различни личности, бидејќи Владата е посветена на својата цел – нашето зачленување во НАТО и ЕУ. По ратификацијата на Преспанскиот договор кај нас, очекуваме тој да биде ратификуван и во грчкиот Парламент и со тоа Македонија ќе го исцрти зацртаниот пат кон НАТО и ЕУ“, рече Хоџа, запрашан во врска со ставот изнесен од страна на рускиот претседател Путин дека Преспанскиот договор е постигнат со надворешен притисок, пред се, од страна на САД и оти со сила Македонија се сака да се внесе во НАТО.

Ова е само уште еден доказ колку оваа владина гарнитура заслепено ги исполнува агендите на западните сили без притоа да се внимава на нивото на комуникација со оние кои и не им се налогодавачи или запоседници.

Да се коментира и да се даде квалификација на изјава на светски лидер од калибарот на Владимир Путин е скандал од меѓународен карактер и само бледа слика за државотворноста на оваа владина гарнитура која со овој потег уште еднаш покажуваат дека се нема основно познавање и сенс за комуникација и допломатија.

Инаку, Путин е пет пати последователно прогласен за најмоќна личност од страна на угледниот Форбс, но тоа не е репер за оваа Влада, повеќе од очигледно е дека портпаролот Хоџа и Владата имаат други параметри за почит и меѓународни односи напишани и проповедени од некоја друга страна.

 

 

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This