Владата станува зaсолниште за луѓе кои се занимаваат со дpoга, обвинyвaaт од Алијансата на Албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако во време на пандемија, кога скоро целиот фокус е насочен кон борбата против Ковид 19, сепак, нелегалните активности, како што се корупцијата, дрогата и криминалот, не престануваат. Случајот со притворањето на роднина на заменик министерот за внатрешни работи, Назиф Буш, јасно покажува дека луѓето кои се блиски до владата, поточно до ДУИ и СДСМ, сметаат дека се заштитени од владата, дозволувајќи себеси да се занимавате со дрога. Како да не е доволно ова, и новиот советник на првиот вицепремиер, Артан Груби, испадна дека е вмешан во темата наркотици, што уште еднаш зборува дека ДУИ – како дел од Владата – станува засолниште за луѓе кои се занимаваат со дрога, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Во продолжение на истото се додава:

По овие случаи се поставува прашањето кој од ДУИ и од СДСМ е на ред да излезе вмешан во трговијата со наркотични средства, кои продолжуваат а продолжуваат да се покриваат со наметката на власта?

Доколку премиерот Заев, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдат дека се чисти од овие скандали, тие треба да ги осудат ваквите случаи. Во спротивно, тие се соучесници во овие појави.

Затоа, Алијансата за Албанците и АлтернАтиВА ценат дека кога имате партиска полиција и политичко судство, нормално е дека она што ќе расте нема да биде квалитетот на правната држава, туку само количината на дрога шверцувана од луѓето од власта. Во меѓувреме, потрагични од ова се сојузите меѓу СДСМ и ДУИ, кога ќе се обидат да се заштитат обвинувајќи се меѓусебно кој од нив е помал а кој поголем дилер на дрога.

Затоа, ние не можеме да не заклучиме дека ова повеќе не е правна држава, туку е држава на моќници кои власта ја користат за да ги заштитат нарко-дилерите. Секако, по ова следува констатацијата дека причината за легализацијата на марихуаната е објаснувањето за зголемувањето на овие наркотични скандали. Во меѓувреме, сите знаеме дека главниот јунак на таа идеја не беше никој друг, туку самиот премиер Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This