Јакимовски: Во Србија за 4 месеци изградија 2 најсовремени КОВИД центри со 750 легла, кај нас Владата тера дефокус со бришење историја, со Бугарија, а не работи за да се спасат човечки животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевче Јакимовски лидерот на ГРОМ во вечерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, истакна дека Владата е неспособна во целата оваа коронакриза затоа што во Србија за четири месеци изградија два најсовремени КОВИД центри со 750 легла, кај нас Владата тера дефокус со бришење историја, со преговорите со Бугарија, а не работи за да се спасат човечки животи.

-Србија за четири месеци изради два КОВИД центри со 750 легла, со најсовремена опрема, но таму претседателот е секој ден на медиумите и зборува за КОВИД-от, а Стево Пендаровски кога зборувал за КОВИД, Зоран Заев кога зборува за КОВИД, гледаме како КОВИД-от и смртните случаеви ги покриваат со договорот со Бугарија, па го преокупираа народот со проблемите со Бугарија, а мртовците не ги рачунаме, сега најдоа нова тема тоа е реформата во образованието односно маргинализирање на историјата, цело време си наоѓаат некои политички теми за да се спасат и бегаат од вистинската тема, а по вистинска тема од тоа да се спасат човечки животи нема, вели Јакимовски.


Јакимовски вели дека според негово мислење има застој во здравствената заштита за лечење на КОВИД и тој застој е некаде помеѓу матичните доктори и кога лицето ќе премине во терцијалната заштита кога веќе е предоцна, некаде работата се греши а не може да се вели дека само нардоот е крив, не чини здравствениот систем, а оваа Влада не може да се справи со пандемијата.

За последната вест дека Владата наводно со јавна набавка обезбедила тестирање за владини функционери, Јакимовски вели дека нардоот веќе ништо не го изненадува затоа што се изнаслушавме апсурди и небулози и ваквите работи дури веќе се прифаќаат како нормални, затоа што чудно е Владата да направи нешто паметно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This