ВЛАДАТА ЈА ОДРЕДУВА ЦЕНАТА ОД РАКАВ: Вториот чартер од Бон за 13.000 евра пoeвтин од првиот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали на повидок е нов скандал со таканаречените хуманитарни летови, во организација на Владата, односно Генералниот секретаријат на Владата?

 

Од 40.000 на 27.000 евра. За толку поевтинел владиниот чартер од Бон за само четири дена.

Согласно договорите на Владата, за идентични чартер летови( лет од Бон/Германија до Скопје ) со иста авиокомпанија, се наплаќаат драстично различни суми. За ова се пожалија и сведочат патници, македонски државјани кои се вратија со овие летови.

За што всушност станува збор?

Во договорот ( што ни го испрати еден од патниците) на вчера реализираниот лет од Германија, односно Бон стои дека вкупната цена на чартер летот изнесува 27 000 евра и согласно договорот оваа цена се дели на вкупниот број патници сместени во авионот.

Во ист таков Договор, од пред само неколку дена, кога од истиот град во Германија, со истата авиокомпанија се носеа македонски државјани , стоеше дека вкупната цена на чартер летот изнесува 40 000 евра .

И претходно силни критики во јавноста предизвикаа сведочењата на македонските граѓани кои со хуманитарните летови, се враќаа во својата земја. Тие сведочеа дека откако биле исконтактирани по Вибер им било кажано дека билетот ќе чини 110 евра, за подоцна кога се вратиле им бил даден Договор во кој пишува дека трошоците за вкупниот лет се 40 000 евра, односно дека вкупно 180 граѓани треба да платат по 222 евра. Притоа, Договорот мора да биде потпишан од страна на секој патник, задолжително или во спротивно, тие биле информирани дека нема да бидат пуштени од авионот.

Ваквите информации ги демантираа од Владата, од каде истакна дека никогаш не била соопштена од напред позната цена на летот по патник одделно, односно дека таа се дефинира откако ќе се затвори листата на патници по авион.

Извор: Лидер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This