April 30, 2024, 10:01 pm

Владата ќе ги објави потпишаните документи од посетата на Ципрас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски најави дека на веб страницата на Владата денеска ќе бидат објавени потпишаните документи при неодамнешната посета во дражава од грчката делегација, што ја предводеше премиерот Алексис Ципрас.

На страницата vlada.mk јавноста ќе има пристап во оригинална верзија до Акцискиот план, што го потпишаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, документ пропишан и во Преспанскиот договор, со структура на целата идна соработка во девет области во однос на примената на договорот.
-Ќе биде објавен и Меморандум за соработка во ЕУ, потпишан од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и алтернативниот министер за надворешни работи за ЕУ од грчка страна. Со тој документ се утврдуваат сите идни соработки во однос на искористеност на ЕУ фондови, претпристапни преговори и „ноу хао“ што Грција ќе ни го овозможи на нас во рамки на нашиот пат кон ЕУ, рече Бошњаковски, информирајќи дека ќе бидат објавени и меморандуми за развој на економската соработка, по примерот на потпишаниот со Германија, како и за соработка помеѓу министерствата за транспорт и врски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This