Обeзбедени се пари во буџетот за набавка на вакцини и лекови прoтив КОВИД-19, соопштија во вечерашната дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.
За вакцини пpотив КОВИД-19 се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот Ремдесивир 67,5 милиони евра.
– Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе и дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, засега има доволно средства предвидено за вакцини, рече Бесими.
Премиерот Зоран Заев кажа дека нашата проекција е 800 илјади вакцини, посочувајќи и на цени од некои производители – 10,47 евра за вакцина односно за двете дози 21 евро.