Владата ќе пpифати кapaнтин или пoлициcки чac

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ќе прифати карантин или полициски час, доколку Комисијата го побара истото.

Полициски час, карантин или слични рестриктивни мерки кои предвидуваат затворање на разни објекти, сега засега нема да има.

Ова информација произлегува од денешниот заклучок на Комисијата за заразни болести предводена од министерот Венко Филипче. Тој им препорача на граѓаните да носат маски и да не се групираат повеќе од четворица на отворено, а доколку немаат потреба – да не излегуваат од дома.

Премиерот Заев пак, заклучи дека овие мерки давале резултати. Лично тој, се противи на карантинот, но вели дека не е експерт на темата и ќе прифати такво решение доколку истото биде побарано од Комисијата. На прашање од новинарите за тоа дали економијата се става на прво место пред здравството, Заев одговори дека ситуацијата е стабилна и дека полицијата би можела да се искористи многу покорисно отколку едноставно да гони прекршители на полициски час.

Заев исто така побара од претседателот Пендаровски да даде потпис за владата да може да располага со армијата. Рече дека граѓаните не треба да стравуваат, дека таа само ќе помага при воспоставување ред на критичните места.

Граѓаните нема да можат по 21 часот да се групираат на отворено, но затоа трговските центри остануваат отворени за движење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This