Владата ќе ја одржи редовната 127-ма седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска ќе ја одржи редовната, 127-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони и тоа: за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.

На предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Македонија со Предлог-одлука за одобрување на средства на Развојната банка за формирање на Фонд за развој.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This