ВЛАДА: Дипломатите да не бидат иззeмeни од зaдoлжителниот кapантин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на својата денешна седница разгледа и донесе Протоколот за влез во Република Македонија на странски дипломати акредитирани во земјата и членовите на нивните семејства, со кој се предвидува дека начелно тие не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

– Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно, се наведува во Проотоколот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва акредитирани во Република Македонија за усвоениот Протокол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This