Владиката Петар ги kpитикyва реформите во образованието и ceксуалнот образование под палка на ЛГБT зaeдницата, а joгата ја нарече kвaзи peлигија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Со сексуалното образование под палките на ЛГБТ заедницата ќе им се отворат вратите кон развратот, кон разни психички растројства, а противприродните односи на хомосексуалците, лезбејките и сите перверзни типови ќе се третираат како природни“, порачува владиката Петар во божикното послание.

БИТОЛА – Апсурдни се најавените реформи во образованието, се омаловажува нашата историја, се тргува со ликот и делото на нашите просветители, а со сексуалното образование се поттикнува разврат кај младите под палката на ЛГБТ заедницата. Во исто време со јогата се поддржува квази религија, стои во божикното послание на митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар.

„Во таканаречените реформи во образованието се става акцент на иднината, а истовремено се омаловажува минатото, историјата. Наводно, треба да се зајакнува писменоста, а истовремено се компромитира, се деградира, па и се тргува со македонските цареви, како и со ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, кои ни ја дале писменоста, со Свети Климент и Свети Наум Охридски, кои ни ја утврдиле писменоста, со Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески, кои ни ја запечатиле писменоста. Се нагласува образовната компонента, а истовремено се истиснува воспитната. Па нели училиштето е воспитно-образовна институција!? Каде е тука воспитанието на децата?! Ако сакаат да создадат исклучиво обучени луѓе, кои ќе газат преку лешеви, за да дојдат до својата кариерна цел, тогаш можеби и се на добар пат“, стои во божикното послание на владиката Петар.

Митрополитот се осврнува и на воведувањето на сексуално образование, каде според него се крие индоктринизација на младите под палките на ЛГБТ заедницата.

„Веднаш ќе кажеме дека тоа се коси со христијанските и воопшто верските морални принципи, дотолку што 99 отсто од мнозинството на народот во Македонија припаѓа на некоја верска заедница, а доминантна е православната вера и во голем процент е муслиманската. А со оглед на тоа, дека под изговорот (маската) на сексуална едукација, понатаму, ќе се крие индоктринизација на младите, под палките на ЛГБТ заедницата, тогаш со тоа сексуално образование на младите ќе им се отворат вратите кон развратот, кон разни психички растројства и хаосни состојби, со тоа што противприродните односи на хомосексуалците, лезбејките и сите перверзни типови, ќе се третираат како природни, а изопаченоста како нормалност“, стои во посланието.

За владиката Петар е апсурд да се воведе јога во образовниот процес.

„Исто така, се нуди како избор и јогата. Апсурд! Своевремено, се креваа големи прашини и негодувања за веронауката, па потоа беше и укината. А сега, кога се воведува јогата, која всушност е една врста т.н. источна религија, поточно квази религија, медитација, во време кога немаме веронаука, се врши апсолутен терор и агресија врз мнозинството верен православен и друг народ во нашата земја. И овој пат, никој не реагира за тоа!“, вели владиката

Митрополитот Петар се осврнува и на состојбата со Ковид-19 каде ги критикува веселбите поради изборни победи.

„За жал, се чини дека не извлековме и не извлекуваме поука од опасноста на смртоносниот вирус Ковид-19. Покажавме дека сме крајно несериозни и неодговорни, почнувајќи од најповиканите до последните. Жалосен е фактот дека додека едни страдаат и се борат за опстој на телесниот и душевниот живот, а со нив страдаат и нивните најблиски, особено на оние околу 2500 починати, а другите наместо да сочувствуваат, доколку не можат да сострадаат со страдалниците, се оддаваат на разврат, пијанство, дрога, журки, веселби поради изборни победи“, се вели во божикното послание на владиката Петар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This