Владиците Петар и Агатангел се xocпитализирани поради ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на ковид. Информацијата за Сител ја потврди Владиката Петар кој веќе 20ти ден е во болница. Вели дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците за сериозноста на вирусот, пишува Сител.

Владиката Петар вели и дека, според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.

Со оглед на тоа дека вирусот не ги поштеди ниту свештениците, првиот човек на Комисијата за односи со верките заедници Даријан Сотировски, апелира и овие лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација. Потврди дека има позитивни свештеници, но не откри имиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This