Власта ги одби сите четириесетина амандмани од опозицијата за Законот за попис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владејачкото мнозинство ги одби сите четириесетина амандмани од опозициските партии за предлог-законот за попис. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека СДСМ и ДУИ со 8 гласа против го одбиле и амандманот за попис со отпечаток од прст за што партијата најмногу инсистираше. Одбиени се амандманите со кои се бара да се појаснат основните поими што се користат во законот како што се „вкупно население во државата“, „место на живеење“, „официјално место на живеење“. Не е прифатен ни амандманот од Алијанса и Алтернатива со кој бараа посебна пописна комисија наместо Државниот завод за статистика.

Според опозицијата на ваков начин се зголемува сомнежот дека ќе се попишуваат и лица кои не се жители на Македонија, спротивно на стандардите на Евростат

,,Зоран Заев и СДСМ се упорни да ја сокријат метологијата и анализата на пописните резултати од јавноста, и токму затоа не прифатија методологијата да биде дел од законското решение. Таков попис како опозиција и како ВМРО-ДПМНЕ нема да признаеме. Одбиен е и амандманот со кој што се прецизира и се отстранува можност за манипулација при давањето на податоци за лицата кои се надвор од државава. Одбиен е и предлогот пописот да го вршат по двајца попишувачи, одбиено е да стои дека јазикот на попишување е македонски или еден од јазиците во Македонија, одбиено е дефинирање на документите за идентификација на лицето кое се попишува и кое што ќе дава информации за отсутните и низа други амандмани кои што ќе влеат сигурност дека пописните резултати се веродостојни, изјави Иванка Василевска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ ги повикаа сите пратеници во Собранието, особено опозициските, да бидат одговорни и да го усвојат предлог законот за попис.

,,Пописот нема и не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Видовме што значи тој пристап кога ВМРО-ДПМНЕ организираше попис во 2011 година кој пропадна, а со него пропаднаа и парите на граѓаните. И денес како опозиција ВМРО-ДПМНЕ прави се за попис да не биде одржан. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието продолжува да се однесува деструктивно и неодговорно. Со усвојувањето на Предлог-Законот во 2021 година, за првпат по 19 години ќе спроведе попис на населението. Оваа операција не смее да се политизира ниту да се одложува, изјави Кузевска од СДСМ.

Со завршувањето на амандманската расправа, предлог-законот за попис треба да се најде на пленарна седница која се очекува Џафери да ја закаже по 18 јануари. За новиот закон за попис пратениците два дена расправаа зад затворени врати на собраниската комисија за европски прашања. Јавноста и денеска остана исклучена од собраниската расправа на која се разгледуваа амандманите од опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This