Власта го отфрли барањето на албанската опозиција за државна пописна комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ја поздрави поддршката на албанската опозиција за пописот, но категорично се спротивставува на предлогот за формирање на Државна пописна комисија. Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми вели дека таквата комисија за попис која ја формираа политички претставници пред 10 години, пропадна и не си ја заврши работата, пишува Алсат.

„Предлогот да се формира комисија на национално ниво што ќе се грижи за спроведувањето на пописот е основна идејна разлика и се покажа како неуспешна во 2011 година. И овој предлог визави Државниот завод за статистика со врзан потпис на директорот и заменик-директорот во сите фази од пописот, секако е неприфатлив.“

Според СДСМ доколку се формира ваква комисија по предлог на опозицијата, тогаш испаѓало дека политиката ќе влезе во пописот.

Македонската опозиција останува на тврдењето дека пописот ќе биде политички процес. Според ВМРО, со последните изјави на владејачките партии според кои нема да се прифатат одредени проценти, се докажува дека попис ќе биде политички.

Албанската опозиција, односно Алијансата и Алтератива вчера соопшти дека и покрај тоа што владата не ги прифаќа нивните измени и дополнувања на Законот за попис, тие ќе го поддржат законот. Но, оттаму проценуваат дека за пописот да биде прифатлив за сите, најдобро е да го спроведе државна комисија составена од претставници на политичките партии. Предлог-законот за попис е во собраниска процедура, но сè уште не е познато точно кога ќе биде ставен на гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This