Власта на мала врата го пика под нос стручното образование, дур нивните деца фураат на општи и приватни гимназии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука во февруари ја организираше кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во чии рамки се одржаа консултативни средби во градовите низ земјава, меѓу претставници од МОН, средни стручни училишта и компании за да се утврдат кои стручни профили се потребни на пазарот на трудот и според тоа да се усогласи уписната политика и наставните програми за наредната учебна година.

– МОН на едно место собра претставници на локалните самоуправи, стручните училишта, бизнис-секторот и стопанските комори. Компаниите кажаа кои профили им недостигаат, стручните училишта ги кажаа своите можности и каде би требало да помогнат општините и компаниите – за опремување кабинети, изведување практична работа, стипендии за учениците.

По средбите, до МОН треба да достават предлог-план за новите профили што сакаат да бидат отворени во локалните стручни училишта од следната учебна година, соопшти МОН.

Целта на кампањата за предностите на стручното образование, која се реализира со поддршка на Амбасадата на Швајцарија, е да ги отвори вратите на компаниите и во нивниот производствен процес учениците да научат вештини со кои по завршувањето на четиригодишното школување веднаш ќе бидат подготвени да работат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This