ВЛАТКО ЃОРЧЕВ СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ: Безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Влатко Ѓорчев се обрати како еден од воведните панелисти на 12 Парламентарен форум за безбедност кој што се одржува во Сенатот на САД, со кој претседава конгресменот Роберт Питинеџер, претседавач со Работна група за тероризам и неконвенционално војување на Конгресот на САД.

Се очекува на Форумот да учествуваат 340 парламентарци од над 80 земји, кои ќе разменат мислења за безбедноста, борбата против тероризмот и неговото финансирање, сајбер-безбедноста, размената на разузнавачки информации и крипто-валутите.

На парламентарниoт форум учествуваат сенатори и конгресмени од САД, како и парламентарци од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Во своето обраќање Ѓорчев подвлече дека безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок. Современиот свет се соочува со бројни предизвици и закани на кои што мора да се најде адекватен одговор.

Ѓорчев ја подвлече водечката улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста на Европа. Во тој контекст, Македонија и САД ги поврзува стратешкото сојузништво и партнерство потпишано во 2008 година.

Ѓорчев ја нагласи улогата на НАТО алијансата како клучна организација на евро – атлантската заедница во која што припаѓа Македонија.

На крајот, Ѓорчев се заблагодари за можноста да биде еден од воведните панелисти на форумот за безбедност во Вашингтон, додавајќи дека ваквите настани ги покажуваат сојузништвото и солидарноста на демократскиот свет.

Пред учесниците на 12 Парламентарен форум за безбедност се обратија конгресмени и сенатори од соодветните комисии и тела на Американскиот конгрес, претставници од Министерството за финансии и владините агенции на САД, како и аналитичари од најзначајните тинк-тенкови за меѓународна политика, експерти од големите финансиски институции и софтверски компании.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This