Влајнкиноски co дeтaли зa „Курир“: Бeв нaпaднaт oд poднинa нa дoceгaшниoт гpaдoнaчaлник oд СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, Ѓорѓи Влајнкиноски, вчера во Струга настрадал во инцидент со физичко насилство. Влајнкиноски во изјава за КУРИР вели дека лицето кое го извршило нападот е брат на сопругата на досегашниот градоначалник на општина Вевчани од СДСМ, Сашо Јанковски.

-Вчера бев во Струга службено, како член на Општинска изборна комисија да ги печатам уверенијата за советници и градоначалник, додека пиев кафе во едно струшко кафуле бев нападнат од братот на сопругата на градоначалников во заминување, односно од неговиот шура. Се работи за лицето Михајло Нонески од Струшкото подземје, со дебело криминално досие, добро познато на полицијата, вели Влајнкиноски за КУРИР.

Влајнкиноски, случајот го пријавил и во полиција.

-Извадив и специјалистички извештаи за повредата и ќе терам по правен пат, додава тој.

Извор: kurir.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This