ВМРО-ДПМНЕ:Партиската полиција на СДС грубо се злоупотребува во изборни цели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бидејќи Оливер Спасовски лаже и манипулира што не се прави во МВР, ние ќе му кажеме што се прави во МВР со сигурност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

  1. Партиската полиција на СДС грубо се злоупотребува во изборни цели. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше пресретнат малтретиран со вперено оржује без било каква причина, а до сега нема утврдено одговорност за било кој припадник на МВР.
  2. Се поднесуваат фиктивни кривични пријави против градоначалници исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ кој се продукт на политичка хајка водена од СДС и политичките структури на СДС во МВР.
  3. Секојдневно како плод на нервозата од слабата поддршка од граѓаните се вршат притисоци од полицијата и заплашувања.
  4. Полицијата на Спасовски уште нема расветлено за тоа кој стои зад бомбата фрлена во дворот на активист на ВМРО-ДПМНЕ.
  5. Полицијата на Спасовски уште нема расветлено кој стои зад кршењето на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода како и на штабот на Демократската Партија на Србите во Македонија
  6. Полицијата на Спасовски ги ослободи криминалците Красниќи и Бајруш додека како мега приведувње го прикажа приведувањето на Едмонд Темелко кој е со животно загрозено и нарушено здравје.

Полицијата на Спасовски активно учествува во сите нерегуларности на СДС кои го покажуваат нивниот страв од пораз, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This