ВМРО-ДПМНЕ:Се прави единствен атак врз партијата со цел нејзина политичка елиминација за конечно слабеење на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 После вчерашната работа на канцеларијата на СДС, СЈО едно е совршено јасно: се прави единствен атак врз ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина политичка елиминација за конечно слабеење на Македонија и исполнување на плановите на оној кој го смислил цело ова сценарио, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално.

Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кој се води политички процес чија крајна цел е политичка, и никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзана со политичките интереси на одредени структури.

Ваков монтиран политички процес од вакви размери, против една партија, без докази, а со политички цели македонската држава не памети во својата историја. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда, и таа ќе дојде брзо. Ќе дојде времето кога ќе одговараат за своите злодела и криминали.

Граѓаните добро знаат што се случува и целата оваа хајка ќе им се врати како бумеранг на наредните избори кога ќе бидат поразени. Раководството на СДС и СЈО ќе бидат забележани во срамниот дел од историјата на оваа држава.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This