ВМРО-ДПМНЕ БАРАШЕ ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, СДСМ БЕГАШЕ:  “Доцна е по една година да се отвора јавна дебата”, изјави Тошковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сето она што денес беше изнесено на јавната дебата како забелешка за законот за јавното обвинителство ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше одамна. Интересот за овој закон е непосредлив со интересот за било кој друг закон, а јавноста не можеше да слушне се. За партија која не и беше проблем да го прекрши Уставот, најмал проблем ќе и беше да имаше директерн пренос, рече Панче Тошковски на гостувањето на Македонската телевизија обраќајќи и се на Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.

 

 

 

-СДСМ се одважи да дозволи јавна дебата по една година откако се разговара за законот за јавно обвинителство. Многу голем број на експерти денеска посочија дека законското решение за јавното обвинителство требаше да оди до Венецијaнска комисија. Велевме дајте да го доставиме, а тие велеа не прво да го усвоиме, па да има европсkо знаменце. А денеска сите експерти спореа со начинот на носење или дека нема транспарентност, рече Тошковски.

Според него доцна е по една година да се отвора јавна дебата.

-Истата требаше да оди многу порано, не по една година. СДСМ им текна за инклузивност по една година. Немаше слух од владеачкото мнозинство за дебати. И во јавноста министерката за правда кажа „па нема потреба за ваков закон да има јавна дебата“, посочи Тошковски во своето гостување на Македонската телевизија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This