ВМРО-ДПМНЕ: Власта увезува струја по 350 евра од мегават, а можеше да произведува 6 пати поевтино

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради погубните политики на власта на СДСМ и ДУИ во енергетиката денес Македонија е пред енергетски колапс. ЕЛЕМ сегашен ЕСМ е претворен во загубар кој не може да ги произведе ниту елелемнтарните количини струја, а МЕСО освен што е загубар недозволено повлекува струја од европската мрежа, или народски кажано краде, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ете до тоа дереџе е доведен енергетскиот систем од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Нема домашно производство на струја оти акумулациите се празни, а РЕК Битола работи со половина блок. Затоа Македонија увезува струја по цена од 350 евра MWh, а доколку имаше домашно производство цената ќе беше 5-6 пати поевтина. Поради ваквото недомаќинско работење на власта со народни пари 65 милиони евра се покрива нивната неспособност, а башка неминовно е зголемување на цената на струјата што пак ќе удри по џебот на граѓанинот. Да потсетиме дека досега цената на струјата само во време на оваа власт е покачена за над 20%, а допрва после новата година по стандардот на народот ќе удрат и со ново покачување, велат од партијата.

Од таму додаваат дека криминалната власт на СДСМ и ДУИ се што фати се исуши. Ги упропастија енергетските капацитети и целиот систем. Нивната неспосбност, неодговорност, криминали и коруптивни тендери граѓаните скапо ќе ги платат. За ова мора да има одговорност!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This