ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ: Изборниот законик и Уставот подразбираат 100 дена техничка влада пред избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За радио „Македонски корени“ од Сиднеј интервју имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ се темели врз принципи и аргументи. А, тоа значи почитување на закон, Изборен закон, Устав и затоа пред избори требаше да има 100 дена техничка влада.

Доколку водите политика на принципи и аргументи тогаш морате да ја водите така, а не можеме ние сега да водиме политика на декларативно на принципи и аргументи, а кога нас ни одговара тогаш да ги кршиме ние. Некогаш ќе добивате на таков начин, а некогаш и ќе губите. Доколку ние велиме наш принцип за почитување на законите и со тоа нема компромис, тогаш нема дилема дека ние мора да имаме техничка влада 100 дена пред избори, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев на тие разговори кај претседателот Пендаровски кажал дека нуди опција да бидат на крајот на декември месец изборите и дека нема тогаш да се оди со техничка влада. На тоа тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ рекол дека не може да се оди крајот на декември месец со избори доколку веднаш не се оди со техничка влада. 100 дена од тоа веднаш тогаш може избори да има. И тоа се паѓање крајот на јануари почеток на февруари месец, а тоа не одговараше на останатите политички субјекти и затоа решението беше за 12-ти април следната година. 3-ти јануари е денот кога треба да се формира техничката влада.

Така што мора да се остане во животот на принципите, ако сакате да покажете дека сте различен од другите политичари кои што ги злоупотребуваат принципите. И во насока на тоа да добиваат или да губат поддршка од страна на гласачите. Ние имаме јасна политика, политика која што се темели на принципи и аргументи односно почитување на законите и Уставот. И со тоа нема компромис. Така што ние само го почитуваме законот, Изборниот законик и Уставот, а тоа подразбира 100 дена пред денот на гласање односно избори техничка влада, односно 60 дена максимум распуштање на парламентот согласно Уставот пред денот на гласање кое што ќе биде 12-ти април 2020 година, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This