ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ СИМНЕ НА БАЦИ РАКА КАЈ НАРОДОТ: Нужно е ВМРО-ДПМНЕ да се преиспита, дојде време кога треба да му се баци рака на народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiНужно е ВМРО-ДПМНЕ да си се преиспита. Сега кога треба, повторно на улица е народот. Оној обичниот. Сам. Нема партии, нема Сорос, не дај боже, нема ништо. Обичен, простодушен народ, кој сака да си ја зачува куќата. Неговата. Оти без покрив, џабе му е друго. Сега е на улица за да не биде цел живот на улица. Но, ова еден ден ќе помине. Тогаш пак ќе има на една страна јахти, а на друга по пет отсто годишно на десет рати? Ех, да не заборавиме, ова се последните моменти кога Владата во која ВМРО-ДПМНЕ с` уште има учество, зар не, да си почне чистка со градежната мафија, која, додека, на една страна, се бие битка со Соросовите инсталации, на друга, со истите тие инсталации прави милиони низ Скопје. И ова е само дел од тоа преиспитување што ВМРО-ДПМНЕ треба да го направи, а за што нема многу време, без оглед на подарокот што му е даден со веројатното одложување на локалните избори. Значи, курчењето од времето на Јанакиевски во стилот „власт ли сме, што ли сме“ помина. Сега дошло време кога повторно треба да му се баци рака на народот. На оној што секој ден е на улиците. Точно, тој народот го затекнавте дали со една, дали со половина магнетна резонанција и со 38 отсто невработеност, а вчера-завчера видовме се стигнало до 23 отсто. Во 1990 година таа стапка била 22 отсто, но тоа е веќе во колабирана држава, а реалната беше 26. Значи, пониско од ова никогаш во историјата не било, а како тргнало, нема ни да биде. Ама, господо, службата ви е таква. Тоа што се направило завчера луѓето го наградувале десет години, па вклучително и на 11 декември. Но, се дошло до ситуација кога му се дозволило на еден Зоран Зев да ја мати целата работа и поради тоа, наместо во црква, одново треба да се појде кај народот. Па макар и по цена ВМРО-ДПМНЕ како десна конзервативна партија да вети социјална револуција. С` друго е гола вода, пишува Дарко Јаневски во колумната „Умните наспроти глупавите“ објавена во „Дневник“.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This