ВМРО-ДПМНЕ: Здpaвјето на граѓаните мора да биде прва и основна гpижa на институциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Справувањето со последиците од пандемијата бара итна и неодложна акција на повеќе полиња.


Република Македонија поради епидемијата која владее се наоѓа во економски шок, пад кој сигурно ќе предизвика долгорочни штети. Изминатите денови се отпуштаат работници, се затвораат индустриски капацитети , а добар дел од вработените се испраќаат на принудни одмори. Во овие моменти најмалку што треба е да се дозволи да се затворат фирми, фабрики, конфекции и огромен број работници да останат на улица, стои во соопштнието на најголемата опозициска партија во Македонија.

Еден од првите примери е фабриката Кронберг и Шуберт која на принуден одмор испрати над 5.800 работници на кои не им е образложено кога и дали ќе се продолжат со работа во фабриката. Доколку се остави по овој пример да постапат и другите поголеми индустриски капацитети, тогаш на Република Македонија и се најавува огромен економски крах кој сигурно ќе остави долготраен траг, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата се нуди да помогне во решавањето на овој проблем. Понудени се сопствените човечки капацитети во делот на економијата кои ќе соработуваат со цел подобрување на ситуацијата.

Бараме од Владата на Република Македонија да примени сет мерки преку кои ќе се помогне на стопанствениците и ќе се олесни претешката ситуација во која се наоѓаат. Мора да се изнајдат решенија како да се спасат индустриските капацитети, како и вработените кои се во огромен број.

Доколку Владата дозволи стопанствениците сами да донесуваат одлуки и да се се отпуштаат работници, тоа ќе значи дека низ целата држава над 30.000 работници ќе останат без работно место, односно голем број на семејства ќе останат без приходи.

ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти е над секакво политиканство и искрено сака да се заложи во борбата со економската и здравствена ситуација која ја наметна епидемијата со Covid-19 вирусот. Капацитетите на партијата се ставени на располагање и Владата треба да ја стави на страна суетата и да соработува.

Економијата и здравството се главните постулати врз кои се темели секоја држава.Граѓаните се пред и над се, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This