ВМРО-ДПМНЕ: Незаконското одредување притвор под притисок на СЈО и Заев,на сопственикот на ТВ НОВА дополнително ќе ја продлабочи политичката криза во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со внимание и одблиску ги следи тенденциите на партискиот огранок на СДСМ наречен СЈО, како и на Зоран Заев и неговите сценаристи, но и на и судиите кои се под влијание или под притисок на СДСМ во случајот со обидот за незаконско одредување притвор на сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-1

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа постапка има три јасни цели: прво притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА, второ, испраќање порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи, дека ако не ја сменат уредувачката политика по желба на Заев, СЈО и нивните сценаристи дека ќе се соочат со политички прогон, притвори и други чекори кои не се засновани на закон и владеење на правото, откако претходно ќе биде извршено влијание врз судиите и трета цел заплашување на припадниците на етничките заедници кои не се согласуваат со политиките на Зоран Заев и со прифаќањето на Тиранската Платформа која значи губење на мултиетничкиот карактер на државата и градење на бинационална држава.

Овој чин е обид за загушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија.

Овој чин ќе биде сериозен удар врз медиумските слободи во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да остане рамнодушна на ваквата политика на СДСМ која како поразена на изборите не дошла на власт, но преку СЈО каде е на власт од првиот ден на неговото формирање, веќе практикува крајно недемократско владеење, загушување на медиумските слободи, кршење на законите и погазување на демократијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ, или пак од било која причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат согласно законот и Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност, и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите.

Евентуалното подлегнување на притисок или влијание врз судот во случајот со сопственикот на овој медиум нема да остане без реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се подлегне на притисокот и на политичките влијанија од СДСМ и незаконски се потврди притвор, се додека тој трае, ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест против обидот за загушување на овој медиум и на демократијата и слободата на медиумите, и истовремено закана кон останатите медиуми во кои во некои од нив веќе се врши тортура од СЈО, ќе ги превземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира.

Незаконското одредување притвор под притисок на СЈО, СДСМ и Заев, на сопственикот на овој медиум дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата.

Уредувачката политика на ТВ НОВА многупати не е по вкус на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ ги почитува медиумските слободи и соработува со сите медиуми вклучувајќи ги и најкритичките од нив, за разлика од Заев кој јавно на прес конференција ги прогласи за непријатели медиумите кои не мислат како него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This