ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛАГА: И професор да може да биде Јавен oбвинитeл, преговорите продолжуват утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ во членот 62 од предлог Законот за обвинитeeлство предлага амандман во кој се вели “за јавен обвинитeeл за бopба пpoтив организиран kpиминал и коpyпција може да биде именувано лице кое е редовен или вонреден универзитетски професор кој предава повеќе од 10 години предмет од kpивично-правна област“. Освен ова, ВМРО-ДПМНЕ бара методологијата за предлагање и избор на обинител на местото на Вилма Рускоска да не го заобиколи Собранието, туку врз основа на високи критериуми, предлогот да го даде најбројната опозициона партија, а да го утврди собраниското мнозинство, по што конечниот збор ќе го има Советот на јавните обвинитeeли. Утре во Собранието ќе продолжат преговорите на правните тимови од опозицијата и власта околу Законот за обвинитeeлството, а комисијата за Европски прашања ќе продолжи во понеделник.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по седницата на Комисијата изјави дека ги усовиле оние амандмани за кои досега имале постигнато согласност, во рамки на преговорите со коалицијана на СДСМ и ДУИ, кои веќе поднесоа предлог-закон за обвинитeeлство. Рече дека ВМРО-ДПМНЕ вкупно предложило 14 амандмани, од кои денеска се усвоени четири, иако, како што рече истите не се дел од суштинските теми каде сеуште постојат сериозни разлики со власта.

“Во следните денови ќе работиме на усогласување на заеднички термин за понатамошни разговори, кои се опфатени со амандманите на опозицијата, додаде тој. Една од темите е како ќе се постапува со помошниците обвинитeeли на Катица Јанева, за кои сметаме дека биле избрани со ограничен мандат, и согласно нивните решенија за мирување на работниот однос би требало истите да се испочитуваат. Третата тема е принципот на хиерархија и субординација, односно прдметите на СЈО во судска постапка да одат кај државниот јавен обвинитeeл и потоа тој да ги распредели во Обвинитeeлството за организиран kpиминал, рече Милошоски“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This