ВМРО-ДПМНЕ СО ЈАСЕН ПЛАН ЗА ПОЛЕСНО ДО ДОМ ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН: Намалување на трошоците за комуналии и парцели по 300 евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сигурна и стабилна иднина од секогаш се приоритет на ВМРО-ДПМНЕ. Поседување на сопствен дом е гаранција за сигурна иднина на секое семејство и неговите идни поколенија. ВМРО-ДПМНЕ како партија која се грижи за потребите на народот во рамки на единиците на локалната самоуправа ќе се погрижи секој граѓанин да дојде полесно до свој сопствен дом преку проектот „Стекнување на сопствен дом“, истакна Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој проект става акцент посебно на младите семејства кои сакаат да имаат свој сопствен дом но немаат доволно финансиски средства. Со овој проект ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи семејствата да дојдат до сопствен дом по многу ниски трошоци. Проектот опфаќа две компоненти. Првата компонента е единиците на локалната самоуправа да обезбедат земјишта за изградба на нови куќи. Ова земјиште ќе биде поделено на парцели, а парцелите ќе се даваат на јавна аукција. По цена од 1 евро за 1 метар квадратен. Да, почитувани граѓани, 1 евро за 1 метар квадратен. Со тоа што ако еден млад брачен пар се одлучи да купува земјиште за 300 евра ќе може да купи 300 метри квадратни. Со тоа младиот брачен пар заштедува од 20 до 50 евра по метар квадратен зависно во која општина живее, Васев.

Имено, додава тој, една парцела во нормални услови би ја купиле по цена од 6.000 до 15.000 евра, а преку проектот на ВМРО-ДПМНЕ парцелата можат да ја купат за само 300 евра.

-Дополнително младите брачни парови ќе имаат можност за ослободување и од комуналните трошоци во зависност од нивните месечни примања. Со тоа што да потсетиме, дека комуналните трошоци во зависност од општината се движат од 1 евро до 100 евра за еден метар квадратен. И преку овој проект младиот брачен пар ќе заштеди до 30.000 евра во зависност од општината во која живее.

– семејства со приходи во висина до 1 просечна нето плата ќе добијат – 100% ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани и земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати ќе добијат 75% ослободување од комуналии.

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати ќе добијат 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати ќе добијат 25% ослободување од комуналии.

Општината ќе има обврска од сопствени средства да обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации, рече Васев и додаде:

„Втората компонента на овој проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето и намалувањето на комуналии да може да се користи и доколку семејството сака надградба. Истите повластувања ќе ги имаат и семејствата кои што ќе се одлучат на надградба. ВМРО-ДПМНЕ секогаш нуди решенија, затоа и овој пат излеговме со решение кое ќе го примениме во секоја општина каде ќе ја добиеме локалната власт. Граѓаните пред себе имаат јасен избор, дали се за успешна Република Македонија и за реални мерки и дела или за лаги и манипулации на СДС. Граѓаните имаат јасен избор и на 15-ти октомври ќе му кажат не на СДС“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This