СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: СДС преку СВР Велес се дрзнале да вршат опструкција на проекти од витално значење за граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велес доби два нови кружни текови, а да немаше опструкции од страна на СДСМ, ќе беа изградени уште два. МВР, односно СВР Велес, не даде навремена согласност и прави опструкции на терет на граѓаните, само за да добие политички поени.

Градоначалникот на Велес и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Славчо Чадиев, за ТВ НОВА објаснува како СВР Велес прави опструкции во служба на СДСМ.

-Не само што ќе имавме кружен тек кај Панини, туку ќе имавме уште еден помал кружен тек кај месноста Круг. Планот за нови кружни текови и режим на сообраќај го имаме направено врз основа на претходна студија. На оваа локација треба да има кружен тек затоа што тесното грло во раните утрински часови и попладневните часови откако ќе завршат училишните часови и работните обврски на велешани, се прави токму на ова место. Истовремено, тоа е второ место по небезбедност по влезот на Велес кај Башино село. Сите документации, сите тендерски постапки, проекти и ревизија на проекти, се е завршено. Проектот е закачен на е-урбанизам. Во моментов ни треба само дозвола од МВР за сообраќајно решение и барањето е доставено веќе 50 дена во СВР Велес. Како и во претходниот случај со покриениот градски пазар, полицијата застана во оваа кампања од страна на СДСМ и на секој начин ги кочи добрите можни проекти кои се изгласани во програмата за 2017-та година од страна на Советот на општина Велес, рече Чадиев.

Тој потенцира дека без овие опструкции, кружниот тек ќе биде реализиран. И после сите ургенции и после молкот на администрацијата, се уште нема никаков одговор од страна на МВР. Чадиев вели дека од него барале неколку дополнувања на документацијата во хартиена форма, па и тоа било веднаш исполнето, но одговор нема.

-Неколку проекти кои веќе ги имам започнато се наоѓаат во програмата на мојот противкандидат и намерно се кочат. Но, граѓаните сето тоа го гледаат. Тоа се дел од оние отворени притисоци од страна на МВР кое во нашиот град стана партиска структура на живеењето на градот. За ова што го прави МВР е известено ОБСЕ, сите амбасадори во Македонија, бидејќи ние работиме согласно законите, обвини Чадиев.

Со минатата Влада соработката била сосема различна. За голем кружен тек кој поврзува три регионални правци кај Костурница, сообраќајниот проект бил добиен за само 3 дена. За уште поголем проект кој поврзува 5 улици, сообраќајното решение било добиено за еден ден.  Од МВР под контрола на СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски, се чека 50 дена, а се уште нема решение.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This