АЛБАНИЈА СПРЕМА „ГЕНОЦИД“ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО: Албанија ќе го преправа законот – ќе признае бугарско малцинство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стопирана е постапката за усвојување на предлог-законот во албанскиот парламент кој предвидуваше признавање на осум малцинства во таа земја, но не и на бугарско, дознава „Експрес.мк“ .

На состанокот на правната комисија на албанскиот парламент, вчера, се очекуваше да биде прифатен амандманот за признавање на бугарското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено, во бугарскиот парламент, албанскиот претеник Киријакко Курета ветил поддршка за бугарското малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.
Тој ги увери бугарските колеги Џулијан Ангелов, Александар Сиди, Борис Вангелов, Станислав Станилов и Петар Петров дека „Албанија никогаш немала лош став кон Бугарите”.

 

 

Пратеникот и член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Андреј Ковачев, вчера на Фејсбук напиша: „Направивме огромни напори! Ова би можело да биде историски момент доколку поправката и покрај огромната опозиција биде прифатена.

Европратениците од различни земји напишаа писмо до парламентот на Албанија, повикувајќи Албанија да признае бугарско национално малцинство, пренесе @Bulgaria.ON AIR.

Се очекува предлог-законот предложен од владата да биде изгласан во албанскиот парламент на 18-ти октомври.

Ова е изобличување на историјата. Во Преспа, Гора и Голо Бардо, каде што има барање за бугарско малцинство, живее само македонско малцинство. Ова барање е дел од проектот „Голема Бугарија“ изјави за албанската телевизија „Топ ченл“, Васил Стерјовски од Македонската асоцијација – „Сонце“.

Ако се признае бугарско малцинство, тоа ќе биде геноцид врз Македонците вели Васил Стерјовски.

На дебатата во парламентарната комисија, Стерјовски ја обвини Софија дека создава„лажни бугарски организации во Албанија“ и раздава бугарски пасоши на нивни активисти во тите асоцијации, пренесоа медиумите.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, деновиве изјави дека ес надева  албанските парламентарци да покажат разбирање кон сопствените граѓани, бидејќи „има петиција со околу 1.300 потписи од една организација за бугарско-албанско пријателство, и уште неколку стотици потписи од друга организација на нашите сонародници“.

Тој тврди дека бугарската етничка заедница во Албанија е „непобитен факт“ и дека областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора има историски Бугари кои живеат таму со стотици години…

Се вадат податоци дека уште во времето на Кралска Албанија имало објавени документи од тогашната тајна полиција за таканаречено бугарофонско население, кое според тогашните нивни податоци од 1935 година броело околу 11.000 лица со точни локации каде живеат.

Со предлог законот за заштита на малцинствата во Албанија, изготвен од страна на Владата, Тирана ги признава како малцинства Македонците, Грците, Власите, Црногорците, Србите, Бошњаците и Египќаните.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This