ВМРО-ДПМНЕ упати три барања до власта на пpoтестот пpoтив поскапувањето на струјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на денешниот пpoтест пpотив поскапувањето на електричната енергија, упати три барања до Владата, за кои рече дека треба да одговорат во наредните денови.

Имате неколку дена да седнете да ги разгледате, а потоа да ги исполните, порача Мицкоски од пред насобраната толпа.

Прво барање – враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач намалете го процентот.

Второ барање – неделен викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите.

Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадри“, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека кога неправдата станува закон во нашата држава, тогаш протестот, пркосот е наша обврска.

Мaфија или Македонија, изборот е јасен! Македонија!, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This